Dark Mode Light Mode

Од грип досега заболеле 433 лица, за 73,2 отсто помалку од лани

Од сезонскиот грип досега заболеле вкупно 433 граѓани, што е за 73,2 отсто помалку отколку во истиот период лани, информира денеска Институтот за јавно здравје.

-Најголемиот број на заболени во целиот период се од возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст до 4 години, се наведува во соопштението.

Се смета дека причината на драстичното намалување на сезонскиот грип се мерките на ограничувања и претпазливост што се преземаат во екот на пандемијата од ковид-19.

Реклама

-Опасноста не е помината, за што сведочи фактот дека во втората недела од 2021 година се пријавени се 36 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во однос на истата недела во 2020 година. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување, предупредува ИЈЗ.

Заклучно со втората недела од јануари, вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип. Од нив, 37.870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10.536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во општина Центар годинава ќе почне да се гради српски културен центар

Next Post

Семафорите слабо светат црвено во Ѓорче или до реткото казнување е?

Реклама