Dark Mode Light Mode

Во скопските ковид-центри има 262 пациенти, новопримени се 19 лица

Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство. Од таму додаваат дека вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

На интерните клиники имало 6 приеми на болни.

-Во ковид-центарот во ГОБ ‘8 Септември’ имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти, се наведува во соопштението.

Реклама

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 16 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 16 пациенти. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца (Козле) има 8 пациенти.

Од вкупно 262 пациенти кои лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 140 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Семафорите слабо светат црвено во Ѓорче или до реткото казнување е?

Next Post

Пак проработи „Јавна соба“, се објавуваат фотографии и на девојки од Македонија

Реклама