Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: И Пендаровски е дел од пазарџиско-политичката операција наречена попис

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на потпишувањето на Указот за прогласување на законот за попис од страна претседателот Стево Пендаровски. За оваа партија тој  станал дел од пазарџиско-политичката операција наречена попис по стандарди на Зоран Заев.

Според опозицијата, наместо реална статистичка слика, очигледно власта е решена да спроведе попис без јасна методологија и без општествен консензус.

-Целта е јасна, Заев прави политички дил за кој веќе почнаа да се шпекулираат бројот на население, проценти и резултати, на кој само треба да се стават врзаните потписи на директорот и заменикот директорот на Заводот за статистика. Тоа е класична политичка операција. Дека ова е политика, а не статистика говори и фактот што целата операција се прави во време на епидемија, кога голем број земји од регионот и Европа ги одлагаат своите пописи за да ги заштитат пред се своите граѓани, но и да добијат прецизна слика. Власта во Македонија напротив, брза, со цел да го скрие својот политички договор, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Oд партијата велат дека од ваквиот насилен попис во кој биле одбиени сите конструктивни предлози на опозицијата, штета ќе имаат сите граѓани, а најмногу Македонија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче се сети дека во светот се продаваат и кинески вакцини

Next Post

По години седење дома и земање плата, првите 349 „рамковни“ ќе одат на работа

Реклама