Dark Mode Light Mode
Општина Центар не му дава на пајакот да се одмори
Додека Македонија ги чека, Србија во февруари ќе добие 105.300 дози од вакцината на „Фајзер“
Четиричлено скопско семејство евакуирано од завеаната Попова Шапка

Додека Македонија ги чека, Србија во февруари ќе добие 105.300 дози од вакцината на „Фајзер“

Вакцинирањето против опасниот вирус во Македонија никако да почне. Всушност никако да пристигнат вакцините. А во исто време во Србија се најавува дека Во  текот на февруари ќе пристигнат нови околу 105.300 дози од вакцината на „Фајзер“, изјави денеска државниот секретар во српското Министерство за здравство, Мирсад Ѓерлек.

-Вчера пристигнаа 11.700 дози од вакцината на „Фајзер“, следниот понеделник ќе пристигнат уште 9.300, но затоа на 15 февруари ќе пристигнат 40.900 дози, а на 22 февруари 46.800 дози. Тоа значи дека во февруари ќе пристигнат околу 105.300 дози од вакцината на „Фајзер“, изјави Ѓерлек за Радио Телевизија на Србија.

Кон крајот на декември минатата година Србија од „Фајзер“ доби околу 5.000 вакцини со што ја почна вакцинацијата.

Реклама

Тој најави дека во оваа земја за седум дена се очекува да пристигнат 250. 000 руски вакцини „Спутник V“, а при крај се разговорите со „АстраЗенека“ за 800 000 дози.

За разлика од Србија, Македонија се уште чека на испорката на вакцините на „Фајзер“. Нашите здравтсвени власти најавија дека првите 5.850 дози вакцини на овој производител ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди. Нашата земја од „Фајзер“ нарача 800.00 дози оваа вакцина.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Општина Центар не му дава на пајакот да се одмори

Next Post

Четиричлено скопско семејство евакуирано од завеаната Попова Шапка

Реклама