Dark Mode Light Mode

Општина Центар не му дава на пајакот да се одмори

Во изминативе седум дена санкционирани се 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти денеска ЈП Паркинзи општина Центар.

Во периодот од 18.01. до 24.01.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 69 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 67 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места, се наведува во соопштението.

Реклама

Добро е тоа што општибата сака да воведе ред во овој дел од сообраќајот во пренатрупаниот центар на Скопје.

Инаку, во соопшението немаше информација околу тоа колку се одржуваат постојните паркинзи и дали ќе се прават нови.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казни за 218 возачи во Скопје, 18 возеле без возачка, 21 зборувал на телефон...

Next Post

Додека Македонија ги чека, Србија во февруари ќе добие 105.300 дози од вакцината на „Фајзер“

Реклама