Dark Mode Light Mode

Од денеска на скопскиот аеродром ќе се прават брзи антиген тестови

Патници на кои им е потребен антиген тест за патувања во ЕУ/Шенген зоната од денеска ќе можат да го направат на Скопскиот аеродром.  Концесионерот на аеродромот, компанијата ТАВ Македонија соошти дека тестовите ќе се прават пред терминална зграда, пред патниците да влезат во главната зграда на аеродромот.

-Со цел да одговориме на најновите рестрикции за патување воведени поради ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија најде решение за барањето за брзи антиген тестови направени непосредно пред заминувањето на патникот. Лабораторијата ‘Жан Митрев’ ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците ќе можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок. Подвижното амбулантно возило за брзо антиген-тестирање на лабораторијата ‘Жан Митрев’, ќе биде присутно на скопскиот аеродром и во следните денови, следејќи ги времињата на летовите до дестинациите/земјите коишто ги воведоа новите ограничувања за патување“, се вели во соопштението на „ТАВ Македонија“.

Се апелира патниците да пристигнат на аеродром навреме, најмалку 3 часа пред времето на полетување.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ќе стане ли етничкото лицитирање со бројките главна методологија на пописот?

Next Post

Заев: Во следните 2-3 години 1.000 нови домаќинства од Гази Баба ќе имаат градското парно

Реклама