Dark Mode Light Mode

Срамота: И кулата од Скопското кале стана депонија, а е официјален симбол на градот

Ќе стане ли ѓубрето и официјално обележје на градот Скопје? Ако се суди по она што се случува со градските симболи кои се вградени во градскиот грб одговорот е потврден. Доказ за тоа е и кулата на Скопското Кале која деновиве е претворена во вистинска депонија. Купишта отпадоци, кеси, лименки, пластични шишиња последниве недели се депонирани во нејзиното подножје и стојат неизчистени со недели и недели. Ваквата глетка ја забележаа и граѓаните кои фотографиите од ова ги споделија во групата „Не биди ѓубре“ на социјална мрежа Фејсбук.

-Ужасна е глетката на Кале, од самиот влез од десната страна купишта насобрани вредни ископини третирани како обични камења. Отпадоци буквално на секој чекор. Каде и да се завртиш, ужасно изгледа а е во центарот на нашата “метропола” Да не спомнам дека самите ископини не се обележани, со некакво значење. Буквално сѐ е оставено на времето. Калето е обележје на Скопје ставено на сите туристички страни. Се срамам во каква депонија е претворено, изјави за „Скопско ехо“ граѓанката Ирена Јовчевска која што ги снимила фотографиите.

Надлежните досега не реагирале на оваа депонија и прашање е до кога таа ќе остане неисчистена. Вакво нешто не смее да се дозволи. Освен, доколку некој не сака и ѓубрето да се најде на градскиот грб.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопски велосипедисти: Џабе субвенции за точаци, ако нема каде да ги возиме

Next Post

Проф. Силјановска: Директорот на Статистика шири дезинформации за казна од 5 години затвор

Реклама