Dark Mode Light Mode
Шестмина починати, 63 инфицирани и 573 оздравени од корона вирусот
Пендаровски го потпиша Указот за Законот за попис, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е доказ дека е вазал на Заев
Левица: Kрајно време е да запре вработувањето по Рамковен договор

Пендаровски го потпиша Указот за Законот за попис, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е доказ дека е вазал на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија. Ова го 2021 соопшти денеска неговиот Кабинет.

Во соопштението се наведува дека претседателот на државата очекува пописот да не се политизира.

-Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата, се наведува во соопштението.

Реклама

Консултациите со експертите шефот на државата ги започна деновиве, а според законот тој во рок од седум дена од денот кога му е доставен законот, треба да го потпише указот за прогласување на законот или писмено го известува претседателот на Собранието доколку одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Законот, инаку, беше усвоен на 21 јануари годинава.

Претходно, Пендаровски во интервјуто за МИА изјави дека би сакал во законот да бидат вградени и некои барања на опозицијата.

Веднаш по потпишување на законот реагираа од ВМРО-ДПМНЕ укажувајќи дека Пендаровски повторно покажал дека е вазал на Зоран Заев од чија сенка никако да излезе.

Во соопштението на партијата се наведува дека шефот на државата не останал на ставот кој претходно го имал.

-Многу добро знае потрчкото на Зоран Заев, Стево Пендаровски дека овој закон за попис и оваа операција, е политичка операција, а не статистичка. Тој пред само еден месец бараше целосен консензус околу законот за попис и сега самиот тој се посипа со пепел. Знае Стево дека оваа криминална власт целосно ја игнорираше опозицијата при процесот на изготвување и носење на законот за попис, се наведува во соопштението.

Партијата потсетува дека власта не прифати ниту еден амандман на опозиција, на брутален начин го злоупотребила европското знаменце, не сакала да се воведат терминали за отисок на прст…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шестмина починати, 63 инфицирани и 573 оздравени од корона вирусот

Next Post

Левица: Kрајно време е да запре вработувањето по Рамковен договор

Реклама