Dark Mode Light Mode

Фотографирање до камен темелници, а од 364 училишта, 130 немаат спортски сали

Власта многу сака да се преставува како градител. Премиерот или министрите не испуштаат фотографирање ниту на селски улици кои се крпат. А, за поставување камен темелници…, фешти прават.

Вчера во Стајковци Зоран Заев присуствуваше на почетокот на градењето на спортска сала во основното училиште „Кирил и Методиј“. Убаво, што ќе се гради, особено ако се знае дека од 364 основни училишта, 130 немаат спортска сала.

Сепак, најголем дел од коментарите во врска со информацијата, што пристигнаа на електронската пошта на „Скопско ехо“ не се позитивни, еве дел од нив:

Реклама

-Зошто е неопходно премиер на држава да оди на свеченост за почнување на градење на спортска сала? Тоа го правеше и поранешниот премиер, на кој овој му се смееше… Сега се случува истото, пишува скопјанката Жаклина Стефоска.
-Можеби заради пилатес и јога, според новата концепција за образование, па и ќе изградат 130 спортски сали, коментира Милан Ристановски.
-На неколку месеци пред локални избори, премиерот излезе со градоначалникот, заради градење на спортска сала…Прашање до градоначалникот на Стајковци зошто не се почна со градење, на пример на почетокот на мандатот? – вели Лиле Гранкова.

Инаку информацијата дека 130 основни училишта во државата немаат спортски сали, е разочарувачка. Неколку спортски сали кои ги започнуваа минатите локални власти, новодојдените не ги завршуваа, па добар дел од нив останаа карабини, диви депонии и се распаѓаат. Време е надлежните да престанат да се сликаат на фрлање прва лопата, и сериозно да ги реализираат проектите во интерес на најмладите, нашите деца, без разлика дали истите ги почнал политичкиот опонент или не.

Две – три сали да почнеш да градиш не е постигнување, дури и да изградиш две – три во еден мандат не е ништо, ама пропагандата така ли ќе го преставува?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Физички го нападнал својот татко, па завршил со лисици на рацете

Next Post

„Скриени желби, немирни патувања“ македонски претставник за „Балканика“

Реклама