Dark Mode Light Mode

Лазаров одигра капитенски и учителски, дали другите ќе научат – ќе видиме

Македонската репрезентација во ракомет го загуби и денешниот меч против Белорусија. Со тоа завршува и бледиот настап на нашата репрезентација на Светското првенство во Египет.

Но, вредно е да се напомене дека во бледилото не влегуваше нашиот капитен Кире Лазаров. Тој и на последниот натпревар одигра – капитенски. Одигра учителски, давајќи им пример на помладите репрезентативци како треба да се бориш на теренот и како се игра модерен и убоит ракомет.

Кире беше прогласен за играч на мечот иако неговата репрезентација изгуби, што ретко се случува. Постигна седум гола, шест од нив во првото полувреме. Цело време додека беше на теренот ја диригираше играта на нашата репрезентација и несебично го споделуваше искуството, не паѓаше во духот кога помладите грешеа, а секако и „клаваше“ голови.

Реклама

Браво!

Инаку, за Лазаров најверојатно ова Светско првенство е последно во неговата кариера. Тој и порано најавуваше дека планира да стави крај на својата успешна светска кариера.

Кои височини тој ги постигна зборува и овој податок од последниов меч: Лазаров го постигна 500-от погодок на големите натпреварување. Статистиката кажува дека 318 голови постигнал на Мундијалите, а останатите погодоци ги реализирал на Европските првенства.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонија со пораз се прости од Каиро, што научија младите ракометари?

Next Post

Физички го нападнал својот татко, па завршил со лисици на рацете

Реклама