Dark Mode Light Mode

И Сенатот на УКИМ со опомена до Царовска: Избрзаните и необмислени решенија може да предизвикаат сериозна штета

Избрзаните и недоволно обмислени одлуки и решенија донесени од МОН, без јавна и ефективна дебата, може да предизвикаат сериозна штета со далекусежни последици, е ставот на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ околу предложените промени во Нацрт-концепцијата за промени во основното обраозвание. Сенаторите на најголемиот македонски универзитет на вонредната седница од 15 јануари упатија бројни и сериозни забелешки за она што е прелдожено во концепцијата. Тие ќе бидат доставени до МОН.

-Промените во сферата на образованието треба да се креираат и спроведуваат во согласност со карактеристиките на контекстот, односно, условите во кои се реализира воспитно-образовна работа, конкретните образовни потреби и реалните можности за нивно остварување, порачуваат сенаторите.

Треба да се направат промени во Нацрт-концепцијата така што таа формално и содржински ќе се надоврзе на постоијните и традиционалните воспитно-образовни модели и програми без нивно негирање и девалвирање.

Реклама

-Сенатот смета дека понудениот пристап кон „интегрирање“ претставува еклектичен обид сродните науки да се стават во еден „пакет“ на наставни предмети. Со тоа се изоставува ексклузивната можност училиштето да ги воведе учениците во светот на науките. Потребно е да се потенцира значењето на природните науки во системот. Односно, да се разделат природните науки во поединечни предмети – Физика, Хемија и Биологија, ставе на сенаторите.

Сенатот на УКИМ смета дека и историјата треба да остане самостоен предмет.

-Иако со оваа концепција се создаваат т.н. модули на предмети кои се однесуваат за деца до шесто одделние, сепак, треба да се има предвид дека тие хронолошки одат до девето одделние. Така што во погорните одделенија се губи изучувањето на историјата како посебен предмет кој е од исклучителната важност и треба да остане како самостоен предмет, се потенцира во заклучоците.

Се бара и да не се намалуваат часови по музичко и ликовно образование.

-Не треба да се дозволи намалување на часовите по музичко и ликовно образование за децата до шесто одделние. Потребен е соодветен размер во односна бројотна часовите по овие предмети. Понудениот еден час седмично е неприфатлив. Двата предмета од областа на уметностите – Музучкото образование и Ликовното образование треба да бидат самостојни заради новна комплетно различна природа, сметаат сенаторите на УКИМ.

Се бара и квалитена обука на наставниците, подобрување н аусловите во училиштата, еднакви можности за напредување на наставниците и други работи/

-Имплементацијата на новиот концепт за основното образование би можела да започне дури откако секој сегмет од реформите ќе биде усогласен од сите компетентни субјекти вклучени во процесот на основниото образование, се наведува во заклучоците потпишани од претседателката на Универзитетскиот Сенат професорката Анета Баракоска.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Делови од Карпош денеска без вода, утре делови од Ѓорче Петров без струја

Next Post

Почувствуван земјотрес во југозападните делови од Македонија, епицентарот е во Албанија

Реклама