Dark Mode Light Mode

Ковид-19 во Скопје: 19 лица се примени во болница, 28 заминале дома

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со тоа во моментов вкупно 284 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град на Македонија.

Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Најмногу од новопримените се во ГОБ „8 Септември“ – 8, шестмина се примени на интерните клиники и пет на Инфективната клиника.

Реклама

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Скопје и натаму останува со најголем број активни случаи со ковид – 7352 лица, од вкупно 12683 во целата држава, според вчерашната статистика од Министерството за здравство.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Никако да се навикнеме на маските – во еден ден казнети 368 граѓани

Next Post

Во Скопје се вози пребрзо, без возачка дозвола и се разговара на мобилен

Реклама