Dark Mode Light Mode

Никако да се навикнеме на маските – во еден ден казнети 368 граѓани

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава, 368 лица се казнети за неносење маски.

Бројката на казни за неносење лична заштита на лице што е законска обврска е константна подолг период. Така, изминатите два дена за овој прекршок се казнети 418 лица (на 18 јануари), односно 306 (на 17 јануари).

Употребата на маски за лице или прекривки, според здравствените власти, го минимизира ризикот од ширење на корна вирусот.

Реклама

Во Македонија казната за неносење маска е 20 евра, но ако се плати за седум дена, таа се преполовува.

Во сите земји од соседството, казните за неносење маски се повисоки: во Србија е 42 евра, во Бугарија и Грција е 150 евра, додека во Албанија е 24 евра, но само првиот пат,  а доколку прекршокот се повтори, е 40 евра.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сообраќајна контрола во Сарај: 15 возачи немале дозвола, 7 имале нерегистрирани возила

Next Post

Ковид-19 во Скопје: 19 лица се примени во болница, 28 заминале дома

Реклама