Dark Mode Light Mode

Општината даде можност, но ќе се спасат ли центарци од крнтиите?

Акцијата за бесплатно отстранување на хаварисаните возила која вчера започна во скопската општина Центар навистина дојде во погоден момент. Во оваа општина, заедно со Карпош, е „паркиран“ најголемиот дел од 1.100 вакви возила кои што неодамна се евидентирани на подрачјето на Скопје. Тоа се исто толку зафатени паркинг места во ситуација кога граѓани секојдневно мака мачат да ги паркираат возилата.

Кои се причините зошто сопствениците уште ги чуваат на паркиралиштата знаат само тие. Сигурно, освен емотивна, една од големите причини е неисплатливоста да викаат и плаќаат возила кои ќе ги однесат крнтиите на отпад. Со акцијата во Центар и таа причина отпаѓа. Фирма бесплатно ќе ги однесе до депото, а сопствениците дури ќе добијат и соодветен надомест.

Значи, сега на потег се сопствениците на хаварисаните возила: да се пријават и да дозоволат да им бидат тргнати возилата од паркиралиштата бидејќи без таа согласност тоа не е можно. Ако го сакаат градот, ако сакаат да бидат коректни и кон другите сограѓани тие треба максимално да помогнат да се тргнат возилата.

Реклама

И не само тоа. Ваквата акција не смее да остане ограничена само на подрачјето на Центар. Треба да следат продолженијата и во Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Чаир… секаде каде има вакви возила кои непотребно зафаќаат простор. Однос, на акцијата треба да и се даде пол гас.  

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од четврток угостителските објекти ќе работат до 21 часот, следната недела можно е и до 23 часот

Next Post

Влада: Ќе се донесе ДУП за цело охридско крајбрежје

Реклама