Dark Mode Light Mode

Карпошани: За да ве оцениме не треба агенција да плаќате, доволно беше електронска анкета

Четири илјади евра ќе ја чини Општина Карпош, агенцијата, со која има склучено договор да ја оцени успешноста на реализацијата на програмските активности на градоначалникот и неговиот тим.

Околу договорот со агенцијата се крена доста прашина во јавноста, која во најголем дел се сомнева дека нејзините пари се трошат преку лични и партиски зделки за сосема други потреби, а не за наведената. Но не само тоа, јавноста има поинаква идеја како поефтино може да испита и оцени реализацијата на програмските активности што ги ветила општината.

– Доволно беше да се објави електронска анкета на веб страната на општината, па граѓаните ќе гласаа – така се добива најреална слика… Вака се најмува агенција за истражување на јавното мислење, која се плаќа со наши пари,апсолутно непотребно…

Реклама

-Во прашање се зделки на локалните власти со одредени компании, какви што имаше и ги гледавме за време на претходната власт, оваа само продолжи каде минатата застана… коментираат карпошани на споделената вест на социјалните медиуми

Кога ќе излезат резултатите од истражувањето на агенцијата ќе биде горе-долу познато дали Општина Карпош потрошила народни пари за реална или за напумпана оценка на нејзините остварувања. Но, во меѓувреме ќе треба да објасни зошто не го направи истражувањето сама туку беше неоходен ангажман на посебна фирма што ќе ја оценува.

А градоначалникот нека прошета малку низ општината и така може да види што мислат граѓаните за него.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Починале 11 пациенти од вирусот, новозаразени се 400 лица

Next Post

„Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ е најновото издание посветено на македонскиот творец и деец

Реклама