Dark Mode Light Mode

Браво, Македонските одбојкарите по втор пат ќе играат на Европското првество

Втор пат по ред Македонија ќе учествува на Европско првенство во одбојка. Пласманот нашите одлични одбојкари го заверија денеска со победа во Скопје над Турција од 3-1. Едноставно, македонските одбојкари одиграа фантастичен меч.

Одбојкарите го добија вториот меч со Турција и со три победи и еден пораз во квалификациите се пласираа на Европското првенство кое во втората половина на оваа година ќе се одржи во Финска, Естонија, Полска и Чешка.

Македонија одлично го почна мечот, го добивме првиот сет со 25:19, но Турците вратија во вториот со 25:21. Нашите момци го добија третиот сет со 25:23, а четвртиот во кој требаше да ја завериме победата го одигравме најдобро, го добивме со 25:18 и остваривме победа со која одиме на континенталниот собир.

Реклама

Брилијантна партија имаше Александар Љафтов кој забележа 23 поени, ова можеби беше и негов меч на кариерата за Македонија, капитенот Никола Ѓорѓиев имаше 24 поени.

Македонија квалификациите ги заврши на второто место со ист број на бодови како и Турција но имаме еден загубен сет повеќе. Сепак на Европско првенство одиме како една од петте најдобри второпласирани селекции од седумте групи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Жител на Сингелиќ осомничен за недозволено поседување дрога и оружје

Next Post

Променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 0 степени

Реклама