Dark Mode Light Mode

Пендаровски, Заев и Џафери на прием кај архиепископот г.г. Стефан

Божикните празници и именденот – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан беше повод за денешниот прием кој за шефот на државата Стево Пендаровски, претседател на парламентот Талат Џафери и за премиерот Зоран Заев го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г. Стефан.

Од Кабинетот на Талат Џафери соопштија дека приемот се одвиваше под строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 и затоа беше без присуство на медиуми.

-На приемот, Џафери, како и другите поканети, заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница во државава, заедно посакаа во Новата 2021 година, да има подобро здравје за сите граѓани, личен и колективен напредок, мир, благосостојба и успешно надминување на пречките кои се испречуваат на евроинтеграцискиот пат на Република Северна Македонија, стои во соопштението.

Реклама

Премиерот Зоран Заев во објавата на својот профил на Фејсбук го честита големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

-Во духот на празникот на радоста и надежта, кој годинава го чествуваме во посебни услови поради пандемијата на КОВИД-19, овие денови да покажеме одговорност кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме препораките за физичко растојание и за носење заштитна опрема. Да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни. Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! „Христос се роди! Навистина се роди!“, сподели Заев на Фејсбук

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тинејџерка малтретирана од 32-годишник во стан во Карпош

Next Post

556 нови случаи на коронавирус, починаа 22 лицa

Реклама