Dark Mode Light Mode

Облачно со повремен дожд, снег и со засилен ветер

Во Скопје денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Времето во Македонија ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, особено во северните и северозападните делови каде се очекува да наврнат над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до 7, а дневната од 5 до 13 степени.

И во понеделник времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во северните и северозападните делови на места поројни, проследени со засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса од север од вторник се очекува ново заладување со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежи од дожд и снег.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

556 нови случаи на коронавирус, починаа 22 лицa

Next Post

Дождовите ќе ги зголемат водостоите на повеќе реки, можни локални излевања

Реклама