Dark Mode Light Mode

Во болниците се лекуваат 776 заболени од корона вирусот, слободни 450 болнички кревети

Во болниците низ земјава и на инфективните одделенија во Скопје се лекуваат 766 пацинети позитивни и суспектни на коронавирусот, а во текот на вчерашниот ден во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани нови 34 пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство.

-Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен  и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и дека има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите, се наведува во информацијата.

На инфективните одделенија во Скопје се лекуват 338 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Реклама

Во земјава вчера беа регистрирани нови 556 случаи на Ковид 19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи изнесува 16.372.

Вчера се направени вкупно 2953 тестирања, а од регистрираните 556 нови случаи на ковид-19 во Скопје се 270, Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14,  Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-6.

Како оздравени од страна на Институтот за јавно здравје беа регистрирани 404 пациенти, а 22-ца починати  кои се на возраст меѓу 47 и 84 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86150, бројката на оздравени пациенти е 67164, на починати е 2614, а бројот на активни случаи изнесува 16372. Според досега завршените епидемиолошки анализи во Скопје има имајмногу активи 10.017 лица.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дождовите ќе ги зголемат водостоите на повеќе реки, можни локални излевања

Next Post

Од грип до 3 јануари вкупно заболеле 379 лица

Реклама