Dark Mode Light Mode

Убаво: Општина Центар и оваа година продолжува со проектот „Нула глад“

И овој месец 150 семејства со висок социјален ризик во општина Центар добија пакети со прехранбени и основни хигиенски производи, за подобар почеток на годината и полесно да можат да го поминат месецот. Ова е резултат на редовните месечни активности од проектот „Нула глад во Општина Центар“, во соработка со Банка за храна Македонија.

Оваа активност Општината ја реализира еднаш месечно, по претходно утврден список на 150 семејства добиен од Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопштија од Општината, во тек е и акцијата за помош и поддршка на пензионери со ниски примања.

Реклама

На повозрасните граѓани овој период им се доставуваат пакети со прехранбени и хигиенски производи, а главната цел на акцијата е да се обезбедат пакети за сите пензионери со ниски примања кои живеат на територија на општината.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Србија почна имунизацијата против короната и со руската вакцина

Next Post

12 починати и 622 новозаразени од вирусот

Реклама