Dark Mode Light Mode

Уште 10 дена од конкурсот „Роман на годината“

Десет дена остануваат до затворањето на конкурсот за овогодинешниот „Роман на годината“, што го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ова значи дека отвореноста за аплицирање престанува на 15 јануари, а право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2020 година.

Колку за потсетување, учесниците треба да достават по пет примероци од романот, или директно во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) или по пошта, на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје). Со оглед на ситуацијата се препорачува романите да се доставуваат во електронска верзија на адресата: romannagodinata@gmail.com

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2021 година.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Аеродромци со порака: Ветувате зеленило, никнуваат згради- не не залажувајте!

Next Post

Mала до умерена облачност со сончеви периоди

Реклама