Dark Mode Light Mode
Починале 20 пациенти од вирусот, новозаразени се 106 лица
Аеродромци со порака: Ветувате зеленило, никнуваат згради- не не залажувајте!
Уште 10 дена од конкурсот „Роман на годината“

Аеродромци со порака: Ветувате зеленило, никнуваат згради- не не залажувајте!

Заштита на животната средина – на ова ќе се фокусирала општина Аеродром откако нејзиниот совет го изгласа буџетот за 2021 година. Првата работа што се најави беше изградбата на новата општинска зграда, иако веќе требаше да биде завршена како што вети самиот градоначалник на почетокот од мандатот.

Сега аеродромци, судејќи по ваквите неисполнети најави, прашуваат:
-Дали и животната средина ќе се заштитува на ист начин како што се „изгради“ и општинската зграда?
-Обнова на блоковско зеленило – вака стои ставката на распределба на општинскиот буџет… Истово го читаме со децении, а Аеродром не е ништо друго туку блоковски бетон, зеленило нема!
-Ќе се обновувало зеленилото и кај кулите Џевахир! Нема да има каде да обновите, оти спроти кулите од другата страна на булеварот „Трета македонска бригада“ никнуваат стамбени комплекси, така што, не не залажувајте – тоа што претходен градоначалник почнува друг довршува а тоа се само градежни зафати – зеленило ни за лек!

Ова се само дел од коментарите на аеродромци по објавената информација на општината на социјалните мрежи. Во рекациите не е поштеден ниту претходниот градоначалник Ивица Коневски кој и се смета за човекот што Аеродром го пренатрупа со згради.

Реклама

Сепак сегашниот градоначалник Златко Марин уверува дека фокусот во 2021 година ќе биде на заштита на животната средина, подобрување на условите во образованието, спортот, грижата за младите и за ранливите категории и други предвидени проекти во интерес на граѓаните.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Починале 20 пациенти од вирусот, новозаразени се 106 лица

Next Post

Уште 10 дена од конкурсот „Роман на годината“

Реклама