Dark Mode Light Mode

Најголемите хитови на годинешниот Василичарски концерт на 12 и 13 јануари

На 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот се одржува традиционалниот концерт по повод празникот Василица во МОБ. Овогодишниот концерт на НОБ е насловен „Најголемите хитови“, односно направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти со симфониски аранжмани.

На репертоарот се светски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Настанот ќе се одржи според протколите предвидени за одржување на настани во затворен простор, при што ќе биде задолжително носење на заштитна маска. Билетите се достапни на билетарницата и на веб-страната на Националната опера и балет.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопјани: „Лајка“ од вас не се очекуваат кампањи, туку акција на терен

Next Post

Ниска облачност со повремено сонце, доцна попладне дожд

Реклама