Dark Mode Light Mode

Починале 20 пациенти од вирусот, новозаразени се 106 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирања, а регистрирани се 106 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-72, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти од: Скопје-230, Куманово-24, Дебар-5, Штип-18, Прилеп-51, Тетово-8, Струга-30, Велес-20, Битола-26, Охрид-54, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-11, Струмица-8, Радовиш-8, Кочани-10, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-7, Берово-4, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-20.

Починати се 20 лица, четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.

Реклама

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532, на починати е 2550, а бројот на активни случаи изнесува 18047. Од вчерашната статистика се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 36375, активни 10757
• Куманово 4775, активни 473
• Дебар 641, активни 114
• Штип 3316, активни 208
• Прилеп 4261, активни 462
• Тетово 4788, активни 810
• Струга 2062, активни 296
• Велес 2780, активни 443
• Битола 3053, активни 485
• Охрид 2468, активни 463
• Кавадарци 2163, активни 487
• Гостивар 3402, активни 506
• Гевгелија 1177, активни 266 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 202 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2326, активни 588
• Крива Паланка 635, активни 121
• Радовиш 626, активни 99
• Крушево 167, активни 73
• Кочани 1609, активни 193
• Пробиштип 450, активни 35
• Демир Хисар 237, активни 35
• Македонски Брод 220, активни 23
• Пехчево 156, активни 25
• Берово 503, активни 46
• Валандово 313, активни 50
• Виница 448, активни 60
• Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 12
• Свети Николе 1043, активни 82
• Кичево 1578, активни 203
• Ресен 654, активни 140
• Неготино 1039, активни 286 (165 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 761 теста се преку: ИЈЗ-172, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-0, Биотек-15, МАНУ -54, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -274, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-0, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -61, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања на Ковид -19.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На инфективните одделенија во земјата се лекуваат 911 пациенти

Next Post

Аеродромци со порака: Ветувате зеленило, никнуваат згради- не не залажувајте!

Реклама