Dark Mode Light Mode

Нели требаше Аеродром до сега да има општинска зграда?

Општина Аеродром која е една од најурбанизираните општини во Скопје се уште своето седиште го има изнајмено, односно нема своја зграда. И еве денеска од општината објавија меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда.

Добро е, ќе тргне работата. Конечно.

Но, сепак мора и да се праша, а што се чекаше до сега? Ветувањето за нова зграда на општината градоначалникот Златко Марин ја даде уште во предизборната кампања. Тоа ветување дека за својот мандат ќе изгради општинска зграда е и една од причините што доби мнозинство гласови.

Реклама

-Изградбата на општинската зграда ќе придонесе за заштеда на средства од општинскиот буџет. Веќе 12 години од парите на граѓаните се издвојуваат секој месец од 6.000 до 8.000 евра на име кирија за изнајмениот простор. Општинската зграда 100 % ќе го задоволи јавниот интерес на граѓаните преку архитектонското решение и содржините планирани во неа, кажуваше Марин во кампањата и во програмата пред три години.

Марин и цело време со право го критикуваше претходниот градоначалник Ивица Коневски (кој исто така многу пати ветуваше општинска зграда) дека го оставил Аеродром без свој објект.

И сега, на 10 месеци пред крајот на мандатот, Марин распишува конкурс за идејно решение. Крајниот рок за предавање на трудовите е 1 март. Потоа ќе има разгледување, па избирање на најдобриот, па конкус за изведувач…, а мандатот истекува.

Сепак ако погледнеме од позитивната страна – работата ќе почне…, а аеродромци се принудени да се навикнат да чекаат. Тие си чекаат и изградба на нова гимназија, мултифункционален културен центар, домови за стари лица, нови паркинг места…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кривична пријава за угостител, не го почитувал работното време

Next Post

Што би правеле скопските возачи во Брисел?

Реклама