Dark Mode Light Mode

Затворени два угостителски објекти, поради непочитување на Ковид мерките

На 29.12.2020 во 18.35 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на угостителски објект во с.Облешево, при што биле затекнати неколку лица и сопственикот и било констатирано непочитување на мерките на Владата на Република Македонија, односно не било почитувано работното време. По комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 30.12.2020 во 00.32 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на угостителски објект на ул.„Димтрие Лазаров“ во Кочани, при што биле затекнати неколку лица и било констатирано непочитување на мерките на Владата на Република Македонија, односно не било почитувано работното време. По комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член .206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев: Не e грешка Договорот за добрососедство со Бугарија, шпекулациите за бизнис интереси не се точни

Next Post

Заев: Секој да може да одгледува 2-3 стебла канабис за лична употреба под строга контрола

Реклама