Dark Mode Light Mode

15 починати и 493 новозаразени од вирусот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-210, Куманово-28, Штип-14, Прилеп-14, Тетово-7, Струга-6, Велес-34, Битола-15, Охрид-24, Кавадарци-32, Гостивар-10, Гевгелија-17, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-5, Берово-6, Валандово-5, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-8 и еден во Демир Хисар.

Институтот за јавно здравје регистрира 450 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-154, Дебар-15, Штип-32, Прилеп-32, Тетово-18, Струга-16, Велес-27, Битола-34, Кавадарци-23, Гостивар-17, Гевгелија-11, Струмица-14, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-1, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Валандово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-8, Неготино-19 и еден од Ресен.

Починати се 15 лица – четворица пациенти од Скопје (47, 58, 81 и 56 години), еден од Куманово (35), двајца од Струга (75 и 64 години), еден од Велес (70), двајца пациенти од Битола (70 и 56 години), еден од Охрид (80), еден од Кавадарци (73), еден од Богданци (63), еден пациент од Крива Паланка (65) и еден пациент од Неготино (67). Пациентите се починати во болнички услови.

Реклама

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82.794, бројката на оздравени пациенти е 60.706, на починати е 2.488, а бројот на активни случаи изнесува 19.600. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 35.747, активни 11.373
• Куманово 4.725, активни 604
• Дебар 617, активни 109
• Штип 3.291, активни 258
• Прилеп 4.194, активни 566
• Тетово 4.735, активни 849
• Струга 2.017, активни 332
• Велес 2.750, активни 482
• Битола 3.009, активни 543
• Охрид 2.405, активни 589
• Кавадарци 2.098, активни 561
• Гостивар 3.368, активни 562
• Гевгелија 1.159, активни 296 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 196 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.298, активни 618
• Крива Паланка 616, активни 117
• Радовиш 611, активни 113
• Крушево 163, активни 71
• Кочани 1.588, активни 235
• Пробиштип 445, активни 43
• Демир Хисар 235, активни 40
• Македонски Брод 215, активни 26
• Пехчево 154, активни 31
• Берово 495, активни 47
• Валандово 309, активни 65
• Виница 443, активни 60
• Делчево 665, активни 201 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 20
• Свети Николе 1.036, активни 102
• Кичево 1.566, активни 234
• Ресен 639, активни 139
• Неготино 1.008, активни 314 (159 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.366 теста се преку: ИЈЗ – 426, ЦЈЗ Скопје – 56, „Авицена“ – 245, „Биотек“ – 181, МАНУ – 142, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 109, „Систина“ со PCR-метода – 183, лабораторија „Лаор“ – 42, Судска медицина – 7, ЦЈЗ Битола – 64, Инфективна клиника – 2, ГАК – 8, „Синлаб“ – 29, „Ремедика“ – 11, лабораторија во болницата во Козле – 16, ЈЗУ (рапид-тест) – 845. Досега во земјата се направени вкупно 399.163 тестирања на Ковид-19.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нов пораз на македонските одбојкари од Бугарија

Next Post

Збогум 2020 година, да ја дочекаме новата без непоканети гости

Реклама