Dark Mode Light Mode

Променливо облачно со повремени врнежи, за новогодишната ноќ суво

Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне 13 степени.

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во источните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови на Македонија врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, така што за време на новогодишната ноќ во најголем дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни подрачја каде се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините слаб снег. Утринската температура ќе се движи од 5 до 11, а дневната од 9 до 15 Целзиусови степени.

Утре и задутре времето ќе биде стабилно, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Нови пообилни врнежи се очекуваат од недела.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Желбата која ни Дедо Мраз не може да ни ја исполни

Next Post

Учениците од денеска на распуст, за министерството не треба да има одмор

Реклама