Dark Mode Light Mode

Убаво: Општина Центар ќе помогне во поправање и санирање на 13 кровови и 12 лифтови

И оваа година Општина Центар издвои средства за поправка на лифтови и кровови на згради во својата општина. Имено, за тоа општината трета година по ред објави јавен повик за финансиска поддршка.

Оваа година средства се издвоија за поправка на вкупно 25 кровови и лифтови. Поточно ќе се санираат 13 кровови и 12 лифтови. Проектот е поддржан со финансиски средства од општинскиот буџет, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација, поднесена од заинтересирани сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици. Селекцијата на одбрани апликанти се изврши по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

Во изминатите три години со проектот за поправка и санација на кровови и лифтови се санирани 53 станбени објекти.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

26-годишник тешко повреден, со „Мерцедес“ удрил во столб по што интервенирале дури и пожарникари

Next Post

На денешен ден е роден Кочо Рацин, еве што тој зборувал за Македонија во 1939 година

Реклама