Dark Mode Light Mode

Кај 27-годишник од Синѓелиќ најдени пиштоли, 4,5 килограми хероин, 1 килограм кокаин…

Оружје и големо количество на дроги било пронајдено во синоќешната полициска акција во скопската населба Синѓелиќ. Во акцијата е извршен претсрес на домот на 27-годишниот Е.М. од Синѓелиќ при што е пронајдена дрога и оружје.

-Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи по претходна судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на Е.М. (27) од Синѓелиќ, Скопје за кој имало сознанија дека се занимава со купопродажба на хероин и кокаин на подрачјето на Скопје и во градови во источниот дел од државата. При претресот, во специјално направени бункери се пронајдени околу четири ипол килограми хероин, спакувани во повеќе пакувања со различна големина и околу еден килограм кокаин, исто така распределен во повеќе пакувања, наменети за продажба. При претресот се пронајдени и пиштол магнум 357, пиштол ХС и пакувања со околу 200 куршуми, пишува во соопштението од МВР.

Е.М. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Последнава недела смртноста од корона вирусот намалена за 8,6 отсто

Next Post

Уште кој треба да реагира за Царовска и МОН да подзастанат со претопувањето на предметот - Историја?

Реклама