Dark Mode Light Mode

Кој да ја „пошуми“ свеста на „Македонски шуми“ за соголената Скопска Црна Гора

Невладини организации и активисти алармираат за сечењето на шумите и уништувањето на зеленилото во Скопска Црна Гора. Не само тие, штетата што последниве недели е направена на планината е видлива и за секојдневните шетачи кои фотографираат и ставаат на своите социјални мрежи во обид да ги разбудат „Македонски шуми“, но и шумската полиција да реагираат соодветно. Но, никој од таму до сега не објаснил што се случува на планината.

– Кој да ја „пошуми“ свеста на Македонски шуми?! Каде сте, ало?! Се слушаме ли? Сотрена е Скопска Црна Гора и вие ќе преземете ли нешто во врска со тоа?, прашува Мирко А.

– Цел Љубански преслап го исекоа, а околу Бањански преслап се пробиваат нови патишта за сеча на дрва. Пред 2-3 недели поминавме покрај Калеш мара и некои диви дрвосечачи го испосекле местото каде што се клупите и длабоката сенка ја нема. Исто е околу Арачиново и над Брњарци, додека се движевме по патеката нагоре се слушаа моторни пили кои сечеа млади стебла, вели Дејан Вељанов и се надева дека „Македонски шуми“ ќе реагира.

Реклама

Еко-познавачите тврдат дека пошумувањето не може да се направи со елки и борови, како што некогаш најавило претпријатието, оти тие таму не вирееле.
-Таква вегетација не е соодветна на поднебјето, на надморската височина, на почвата на таа планина. Да беше, ќе имаше и автохтона шума на зимзелени дрвја, но нема, колку што ми е мене познато никаде на Скопска Црна Гора. Само бука и даб, вели Југослава Дуковска, еко-активист за дел од медиумите.

Останува енигма што ќе преземе „Македонски шуми“. До овој момент не се одзва да објасни, можеби ја чека пролетта за да се разбуди од зимскиот сон. А уште поважно е што ќе преземе полицијата за да се спречи дивото сечење на дрвја.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Починале 18 пациенти - најмладиот има 34 години, новозаразени се 357 лица

Next Post

100- годишнината од раѓањето на Блаже Конески на листата важни датуми на УНЕСКО

Реклама