Dark Mode Light Mode

Го привеле поради марихуана, а му откриле и украдени предмети

Поседување на дрога, но и на други работи за кои постои сомневање дека се украдени е причина за вчерашното приведување на едно лице од страна на полицијата во Скопје.

МВР соопшти дека на 13.12.2020 во 14.00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Р.Д.(22) од Скопје.

-Кај него била пронајдена марихуана и разни предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело, а во врска со претходна пријава од Џ.Ф.(83) од Скопје дека околу 08,00 часот пријавениот со употреба на физичка сила и одзел ташна со лични документи и пари.  Пронајдените предмети се одземени и вратени на оштетената, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Комисијата за заразни болести: Угостителските објекти да работат до 18 часот, да нема собирање на плоштади...

Next Post

Проверено на 42 места во Скопје, водата одговара на прописите за квалитет

Реклама