Dark Mode Light Mode

Левица со претставка до Уставниот суд: Функцијата на Артан Груби е неуставна категорија

Ново-воведената функција „прв заменик на претседателот на владата” е неуставна категорија воведена со измени и дополнувања на Деловник на Владата. Ова е суштината на претставката која до Уставниот суд денеска ја доставила партијата „Левица“ со барање да се оцени уставноста и законитоста на подзаконски акт, односно Деловникот за работа на Владата. Овој акт владата на СДСМ и ДУИ го променија во септември годинава, а новата функција ја извршува Артан Груби.

Од Левица потенцираат дека уредувањето на Органите на државната власт е иманентно уставна материја и оттаму не може да се воведуваат нови функции во извршната власт, ниту со закон, а не пак како во случајов со подзаконски акт!

Со ваквите измени на Деловникот за работа на Владата, каде се предвидува нова ваква функција, власта ги пречекорува уставните ограничувања на владата, како извршна власт и буквално со ваквото нејзино самоволие, таа врши еден вид централизација на целокупната власт во себе и покажува тенденција за доминација во сите сфери на општественото живеење. Ова сериозно го нарушува принципот на тријалистичка поделба на власта, како темелна вредност на нашиот Устав, се наведува во иницијативата на оваа партија.

Реклама

Од Левица потенцираат дека дури ни со Законот за Влада не е допуштено воведување нови државни функции, а не пак тоа да се прави со обичен Деловник, кој патем Владата сама си го носи.

Ваквото самоволие на власта мора да биде спречено од страна на Судот, поради опасноста од тенденцијата – Владата да ја узурпира и законодавната власт, како во овој случај кадешто со деловник си уредува уставна материја. Очигледно дека ваквото самоволно измислување на дебело платени функции е производ на партиските пазарења помеѓу коалиционите партнери, со цел задоволување на афинитетите на своите партиски членови, а сето тоа на штета на сите нас, се потенцира во претставката.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мицкоски: Најлоши 100 дена на било која влада, влеговме во рецесија, афери, неспособно здравство...

Next Post

Почна да се вози по првиот дел од булеварот „Босна и Херцеговина“

Реклама