Dark Mode Light Mode
Поскапуваат бензините
Заев за 100 дена Влада: Испорачавме членство во НАТО и имаме силна волја за преговори со ЕУ
Конечно Заев посака да разговара со Мицкоски на лидерска

Заев за 100 дена Влада: Испорачавме членство во НАТО и имаме силна волја за преговори со ЕУ

Порака дека „Европа ќе ја донесеме дома“, справување со пандемијата на корона вирусот, антикризни мерки, проекти од областа на енергетиката, онлајн настава во образованието, реновирање и отворање на детските градинки, се најважни работи содржани во денешниот отчет за изминативе 100 дена на Владата. Нив денеска ги наведе премиерот Зоран Заев кој рече дека од својот избор Владата успешно работела за и со граѓаните.

-Денеска, 100 дена по изборот на Владата, гордо изговараме дека овие три месеци бевме тука за и со граѓаните, целосно посветени на грижа, одговорност и сигурност. Успешно справување со ковид-пандемијата, нова енергија и решителност за подинамичен економски раст и одржлив развој, ефикасна правна држава и силни инстиуции, модерно образование и внатрешна кохезија, активно членство во НАТО и силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите за ЕУ, остануваат наши клучни приоритети, потенцираше Заев.

Според него, Владата останува на утврдениот стратешки колосек.

Реклама

-Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ. Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги спроведуваме европските стандарди дома, потенцира првиот човек на македонската влада.

Тој смета дека во овој период главен предизвик е справувањето со Ковид-19 и тоа ги одбележа првите 100 дена од работењето на Владата. Поради тоа, за да се насочат сите ресурси кон заштита на граѓаните, се реорганизира раководењето со државата. Го најави и законот за попис.

-Граѓаните бараат попис, на државата тоа ѝ треба и ние ќе го обезбедиме. Пред 100 дена најавив и дека влегуваме во време на правда, ред и дицсплина, во неселективно вледеење на правото и еднаквост пред законите, истакна Заев.

Тој го спомена и проект за осовременување на јавниот сообраќај во Скопје  и започната процедура за Водно како заштитена средина, зголемени казни за загадувачите и бројот на инспекциските служби.

Во однос на ветото на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ тој рече дека кај нас нема ниту најмала вина за блокадата на нашиот европски пат.

-Но, рековме дека нема да се откажеме од нашиот идентитет, јазик, култура, гарантирани и со европските документи. Ќе ги продолжиме и преговорите со Бугарија. Европа ќе ја донесеме дома, рече Заев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Поскапуваат бензините

Next Post

Конечно Заев посака да разговара со Мицкоски на лидерска

Реклама