Dark Mode Light Mode

Четири дена Владата молчи зошто само на Арачиново му даде пари за ковид-19?

Четврти ден владата молчи на прашањата од новинарите зошто само општина Арачиново доби 500 000 евра народни пари за справување со последиците од ковид кризата. Се произнесоа само од кабинетот на градоначалничката на оваа приградска скопска општина, соопштувајќи дека парите ќе ги искористат за да “подмират стари долгови на општината„.

Со други зборови, станува збор за народни пари доделени само на Аарачиново, која пак нема намера да ги потроши за ковид – кризата туку за да врати стари долгови.

-И другите општини имаат долгови, и другите општини имаат ковид – последици далеку поголеми од Арачиново, најмалку во делот на бројот на активни случаи…На пример Гази Баба има преку 1000, зошто таа нема потреба од пари, а Арачиново, со само 21 заболен има?!

Реклама

-Ако Арачиново доби 500 000 евра, тогаш Ресен треба да добие 4 милиони, оти до сега имало 556 а активни се 187 случаи! Е па со среќа нека ни е, ја чекаме Владата да не искешира, коментираат револтирани но и на шега – како скопјани, така и од другите градови.

Во саботата во јавност се појавија тројцата градоначалници на Скопје, Карпош и Центар. Добија новинарско прашање дали не се чувствуваат обесправени што Арачиново доби, а тие не, но одговорот беше полн со разбирање за Владата. Имено сите одговорија оти, метафорички кажано, и за нив имало од колачот бидејќи тие, пак, добиле пари за инфраструктурни проекти.

Минатото лето токму за Арачиново медиумите пишуваа дека парите кои ги имале за деловни состаноци, посети на странски делегации ги трошеле на кроасани, влажни марамчиња, миризливи свеќи, калапи за колачи…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нови 613 заболени и 25 починати од коронавирус во Македонија

Next Post

Концерт на камерниот оркестар Скопски солисти, вечерва во Филхармонија

Реклама