Dark Mode Light Mode

За 36 отсто намален бројот на загинати лица во сообраќајни несреќи

Сообраќајната полиција вчера спровела засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струга и Охрид, а денеска тоа го правела во Кичево. Ова го соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски во Кичево.

-Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви.

Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, истакна Ангеловски.

Реклама

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сега Скопје да не се шири повеќе, немаме сили за одржување какво што е неопходно

Next Post

Разбојници ограбиле обложувачница

Реклама