На Граничен премин “Меѓународен аеродром“ Скопје вчера полицијата го привела Л.К.(20) од Косово бидејќи по извршената проверка било констатирано дека, словенечката патна исправа и лична карта кои пријавениот ги приложил се фалсификувани.
При извршениот преглед во неговиот багаж била пронајдена и фалсификувана словенечка возачка дозвола на негово име, за кои пријавениот изјавил дека ги набавил од лице во Косовска Митровица Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител за понатамошна постапка.
Реклама
Keep Up to Date with the Most Important News
Previous Post
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 38 пациенти, а вкупно се лекуваат 491 болен