Dark Mode Light Mode

Се зголеми бројот на термини за вакцинација против сезонски грип

Од денеска се отворени нови 1.800 термини за вакцинација на граѓаните против сезонски грип во наредниве седум дена во Скопје. Со новите термини вакцинацијата започна денеска во 14 часот во Здравствен дом Скопје, односно се одвива во 6 поликлиники на територија на Скопје и тоа во поликлиниките: Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.

Имунизацијата е со упатување од матичен лекар преку „Мој термин“ во период од 14 до 19 часот. Термините се однесуваат на вакцинацијата која ќе се врши во деновите: петок, понеденик, вторник и среда. Попладнево ќе се пуштат уште дополнителни 1.080 термини за деновите – сабота, четврток и петок. Во работните денови пунктовите за вакцинација работат до 19 часот, а во саботите од 8 до 14 часот.

Дистрибуцијата на вакцините по останатите градови е во тек и граѓаните дополнително ќе бидат информирани за отворените термини за вакцинација.

Реклама

До отворањето на нови термини за вакцинирање дојде откако многу граѓани и матични лекарии реагираа дека нема термини за вакцинирање за да се задоволат потребите на граѓаните. Надлежните не одговорија на прашањето зошто мораше да се случи граѓаните да се соочат со овие проблеми во ситуација кога вакцините беа набавени на време?

Вакцинација е бесплатна за следните дефинирани ризични групи: Стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Општина Центар: Отстранети 5 трафики поставени без решение кај Зелено пазарче

Next Post

Во ковид-центрите во Македонија се лекуваат 1.313 пациенти, има 150 празни кревети

Реклама