Dark Mode Light Mode

За недвижен имот кој не се користи подолго од 6 месеци ќе се плаќа трипати поголем данок

 

Данокот на имот кој е во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот. Ова е содржано во Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, кој денеска го разгледала и усвоила Владатана својата седница. Со неге, како што е наведено во соопштението од седницата, се предвидува извршување на усогласување на основниот текст на законот со позитивната законска регулатива во Македонија, со цел обезбедување прогресивно, праведно оданочување, а кој се предвидува да важи од 1 јануари 2022 година.

-Со одредби од овој Закон се пропишува и дека државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и  физичките и правни лица кои нема да  пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот, соопшти владината служба за информирање.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Променливо облачно со услови за попладневен дожд

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Што содржи нон пејперот, какви се тие гаранции кои Заев му ги дава на Борисов?

Реклама