Dark Mode Light Mode

Алармантно: За 24 часа дури 81 лице фатено како вози без дозвола

При вчерашните полициски контроли на територијата на град Скопје МВР изрече вкупно 435 казни, од кои 81 се за возење без возачка дозвола, се наведува во денешната инфорамција. Ова е рекорден број на откриени учесници во сообраќај без возачка дозвола во досегашните полициски контроли.

„Скопско ехо“ неодамна предупреди и побара поголема и поревносна полициска контрола бидејќи при секојдневно МВР открива во просек по околу 20-30 возачи без дозвола. 

Според податоците од МВР, за нерегистрирани возила се изречени 41 казна, 15 за технички неисправни возила за јавниот превоз, 8 за минување на црвено светло, 16 санкции за управување под дејство на алкохол,  27 казни за некористење сигурносен појас, 17 казни за користење на мобилен телефон, 36 за непрописно паркирани возила, како и 31 казна за неносење заштитна маска. 

Реклама

Од Министерството најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

24 часа по ставеното вето, Бучковски денеска е на состаноци во Софија

Next Post

Примени вчера 32 нови пациенти во скопските ковид-центри

Реклама