Dark Mode Light Mode

Обезбедувач во казино прободен со нож по расправија со едно лице

Вработен во казино на подрачјето на општина Центар е повреден откако бил прободен со нож од страна на едно лице, соопшти полицијата.

Во информацијата се наведува дека вчера во 12.00 часот во Полициска станица Центар, А.Ѓ.(41) пријавил дека, на 07.12.2020 околу 03.00 часот додека бил на своето работно место како обезбедување во казино на улица “Народен фронт”, настанала расправија помеѓу пријавителот и Н.И.

-По расправијата двете лица влегле во патничко моторно возило “Алфа ромео” со скопски регистарски ознаки сопственост на А.Ѓ. и заминале на улица “Питу Гули” каде настанала физичка пресметка меѓу двете лица, при што Н.И. со остар предмет му нанел повреди на А.Ѓ. и со возилото го напуштил местото на настанот. На пријавителот му е укажана лекарска помош во Клинички центар “Мајка Тереза”, соопшти полицијата.

Реклама

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Скопје Север запалено македонско државно  знаме

Next Post

Четворица од шесмината осомничени за украдените 2 тона марихуана се во бегство

Реклама