Dark Mode Light Mode

Заев: Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците

Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство, и застана на патот на нашата европска интеграцијаБугарија не собра сили да се однесува европски. Тие направија гест кој не покажува ниту пријателство, ниту братство. Нивниот став е навредлив за целиот наш народ, изјави денеска премиерот Зоран Заев во обраќањето до македонскиот народ и до сите граѓани во Македонија. Обраќањето доаѓа по вчерашното вето од страна на Бугарија заради кое Македонија нема да може да ги почне пристапните преговори за членство во Европската унија.

-Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век, не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати. За Северна Македонија, за македонскиот народ и за сите граѓани на нашата земја не се прифатливи овие услови. Затоа ние застанавме цврсто во одбрана на македонските национални интереси. Не дозволивме да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот, а тоа се македонскиот народ и македонскиот јазик, потенцира Заев во обраќањето.

Тој додаде дека нема да се дозволи да биде загрозен антифашистичкиот идентитет на нашата земја.

Реклама

-Преговори со ЕУ да, но не по цена на ревизија на македонскиот идентитет. Не под условите кои сега ги наметнува Бугарија. Ние велиме – ДА за Европа и велиме НЕ – за уцени врз македонскиот народ! И НЕ за уцени врз нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и сите други, нагласи премиерот.

Тој побара Европската унија да ја исполни својата фундаментална обврска и да ги препознава и чува како непроценливо богатство историските и идентитетски различности на нациите на Европскиот континент.

-Македонскиот идентитет и јазик не смеат да бидат исклучок од овој принцип. Бараме на ист начин како што ние се грижиме, го развиваме и скапоцено го чуваме европскиот идентитет дома, така и ЕУ да го почитува, да се грижи и да го чува нашиот македонски идентитет, како скапоценост на својата различност, рече Заев.

Во однос на активностите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Заев рече дека сега се покажало дека се лаги и клевети нивните тврдења дека наводно се распродавал македонскиот идентитет.

-Тоа е сонот и желбата на лидерството на ДПМНЕ. А реалноста е дека македонскиот народ го надминува овој момент со крената глава наспроти срамните лаги коишто се опасност за стратешките интереси на земјата. Дури и Европа ги препозна и ги прозва нивните лаги. А, македонскиот народ е далеку повисоко од хистеријата и од срамните лаги на Христијан Мицкоски. Еве сме. Тука сме. Македонци кои зборуваат македонски јазик. Свои на своето. Отсекогаш, засекогаш. Станавме земја-членка на НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ќе станеме членка и на ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик, рече Заев

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Загрижувачки рекорд: Возел во Драчево со 2,36 промили алкохол во крвта

Next Post

Мицкоски: Потребна е лидерска средба за да може понатаму заеднички да ја градиме Македонија

Реклама