Dark Mode Light Mode

Шкендија ја декласира Македонија ЃП, Вардар падна во Кратово

Вчера попладне  се одигра 14.коло во фудбалскиот шампионат на Македонија. Домашните екипи забележаа пет победи, честа на гостите ја спаси Ренова со победата кај Академија Пандев.

Она што требаше да биде дерби на колото се претвори во дебакл на Македонија ЃП кај Шкендија. Лидерот на табелата победи со 5:0. Елези, 16-годишникот на Шкендија го постигна првиот гол во 10.минута. До крајот на полувремето погодија и Дориев односно Ибраими. Во финишот на натпреварот, во 86. и 90.минута, победата на Шкендија ја заварија Нафиу и Тотре.

Силекс ја запре серијата на Вардар. Домаќинот, второто полувреме го одигра со играч помалку, бидејќи Карчев доби два жолти каротни во првиот дел. Единствениот гол го постигна Ристов во 51.минута.

Реклама

Ѓурѓевиќ со гол од пенал во 45.минута им ја донесе победата на Работнички во дуелот со Пелистер.

Еден гол го реши и победникот во Струмица, каде Ренова славеа над Академија Пандев.

Шкупи со 3:1 славеше над последнопласираната Беласица и се искачи на второто место на табелата, додека Борец ја победи Струга со 2.1

Резултати, 14.коло:

Академија Пандев-Ренова 0:1
Работнички-Пелистер 1:0
Шкендија-Македонија ЃП 5:0
Силекс-Вардар 1:0
Шкупи-Беласица 3:1
Борец-Струга 2:1

Табела: 1. Шкендија 30,2. Шкупи 28, 3. Македонија ЃП 26, 4. Борец 22, 5. Силекс 20, 6. Струга 20, 7. Вардар 19, 8. Работнички 17, 9. Ренова 14, 10. Пелистер 12, 11. Академија Пандев 10, 12. Беласица 9.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ако за 24 часа се фатени 44 возачи без дозвола, уште колку возеле неоткриени?

Next Post

Крадел велосипеди во влезови од згради кинејќи ги сајлите

Реклама