Dark Mode Light Mode
Претежно сончево со температура до 9 степени
ВМРО-ДПМНЕ денеска со нови блокади во Скопје: Оставка на Заев, слобода на народот
Пак се сетија на ветениот нов универзитетски клинички центар

ВМРО-ДПМНЕ денеска со нови блокади во Скопје: Оставка на Заев, слобода на народот

Најголемета опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска со протести и блокади во Скопје и во 15 други градови ќе продолжи да бара оставка на премиерот Зоран Заев по скандалозното интервју за бугарски медиум. Како што е најавено, во Скопје блокадите ќе бидат направени на крстосниците кај објектите на Владата и на Министертсвото за надворешни работи во периодот од 15 до 16.30 часот.

Во 18 часот ќе се одржат протести и во 15 градови ширум државатаКуманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.

-Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ. Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, изјавуваат од оваа партија.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Претежно сончево со температура до 9 степени

Next Post

Пак се сетија на ветениот нов универзитетски клинички центар

Реклама