Dark Mode Light Mode

Шилегов: Снегот нема да ја изненади зимската служба, има 4.000 тони сол

Градот Скопје и годинава, како и во изминатите четири години е подготвен за  претстојната зима и зимското одржување на улиците за коишто е надлежен, а снегот и оваа година нема да ја изненади зимската служба, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој денеска го посети пунктот на зимската служба во кругот на фабриката Железара.

-За претстојната зимска сезона 2020/2021 обезбедија околу 4000 тони индустриска сол, од кои околу 1000 тони се залиха од зимската служба 2019/2020. Обезбедени се и 350 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини. Екипите на Град Скопје во зимски услови одржуваат коловозни површини од над 2.600.000 квадратни метри, информира Шилегов.

Обезбедените ресурси на зимската служба се складирани во трите пункта на ЈП „Улици и патишта“ – асфалтната база на ЈП „Улици и патишта“ во кругот на фабриката „Железара“, Стара механизација на улица „Христо Татарчев“ во Кисела Вода и во Ѓорче Петров на улица Лепенец. Во пунктовите се организирани 24 часовни дежурства, а ресурсите ќе се употребуваат согласно со временските услови. ЈП „Улици и патишта“ со Оперативниот план за функционирање на зимската служба е носител на активностите за зимското одржување со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал. И оваа година Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 18 камиони од фирмата „Аполо“, кои се опремени со навигациски уреди.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче побарал инспекциски надзор околу непримањето на постар пациент во ГОБ „8 Септември“

Next Post

Кривична пријава за вработен во Катастар за несовесно работење во службата

Реклама