Dark Mode Light Mode

Кривична пријава за вработен во Катастар за несовесно работење во службата

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Т.А (49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата”.

Пријавениот, како што појаснуваат од МВР, во текот на 2014 година, во својство на службено лице, вработен во Агенција за катастар на недвижности (АКН), постапувајќи по предмет оформен врз основа на пријава поднесена од страна на физичко лице М.Ц. од Скопје, која побаралa од АКН да се изврши усогласување на површината на имот во нејзина сопственост за КО Оризари, постапил несовесно при извршување на својата службена должност.

Имено, додаваат од МВР, иако требало, тој не ја земал предвид потребната скица, како дел од службена документација за парцелата – предмет на усогласување, со што извршил погрешна идентификација, односно погрешно утврдување на мерите и границите на парцелата, која била предмет на пријавата за усогласување на површина, при што изготвил службен наод со невистинити податоци.

Реклама

– На тој начин Т.А. овозможил на лицето, подносител на пријавата, без правен основ да се стекне со имотна корист – земјиште, со површина од 393 метри квадратни (вредност од 1.965.000 ден.) и истовремено од друга страна, за истиот износ му нанел значителна материјална штета на лицето М.Б. од Скопје, со што го сторил кривичното дело „несовесно работење во службата“, предвидено и казниво по чл.353-в од Кривичниот законик, се вели во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шилегов: Снегот нема да ја изненади зимската служба, има 4.000 тони сол

Next Post

Уште околу 170 слободни кревети во ковид центрите

Реклама