Dark Mode Light Mode
Револтирана граѓанка со реакција до Филипче...
Филипче побарал инспекциски надзор околу непримањето на постар пациент во ГОБ „8 Септември“
Шилегов: Снегот нема да ја изненади зимската служба, има 4.000 тони сол

Филипче побарал инспекциски надзор околу непримањето на постар пациент во ГОБ „8 Септември“

 Вондреден инспекциски надзор во Градската општа болница „8 Септември“ побарал денеска министерот за здравство Венко Филипче околу случајот со непримањето на возрасен пациент заболен од Ковид – 19. Случајот во јавноста на социјалните мрежи го актуелизира скопјанката Даниела која била одбиена при обидот таму да ја смести својата болна мајка.

-Утрово, од ДСЗИ побарав да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на возраста на пациентите хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи и во медиуми излезе информација дека наводно пациент кој требало да се хоспитализира во ковид центарот во таа болница бил вратен поради неговата возраст. Во ГОБ „8 Септември“ од 107 лежечки пациенти, 38 се на возраст од 68 до 88 години, објави на својотпрофил на социјалната мрежа Фејсбук Филипче.

Тој потенцира дека пациент не може да биде вратен, единствено може да биде препратен во друг ковид центар доколку во ГОБ „8 Септември“ нема слободен кревет.

Реклама

-Додека пациентот чека да биде пренесен во друга болница, му се прават потребните анализи и со амбулантно возило се носи во ковид центарот каде има слободен кревет за да биде хоспитализиран. Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст. Секој пациент, без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман, нагласи министерот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Револтирана граѓанка со реакција до Филипче...

Next Post

Шилегов: Снегот нема да ја изненади зимската служба, има 4.000 тони сол

Реклама