Dark Mode Light Mode
Гази Баба и Аеродром одат кон 1.500 заболени од вирусот
Во поранешната болница „Мала Богородица“ ќе се лекуваат 100 пациенти од Ковид 19
По тепачка во Ѓорче Петров приведени осум малолетници

Во поранешната болница „Мала Богородица“ ќе се лекуваат 100 пациенти од Ковид 19

До крајот на неделава старата гинеколошка болница на „Систина“, поранешна „Мала богородица“, ќе биде пренаменета во инфективно одделение каде ќе може да се лекуваат 100 пациенти. Лекувањето ќе биде бесплатно, на трошок на државата, а за пациентите ќе се грижи лекарски тим од „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“. Ова било договорено на синоќешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со претставници на трите најголеми приватни болници, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“.

Освен ова, министерот за здравство Венко Филипче најави дека и на хируршките клиники неделава ќе бидат отворени дополнителни болнички кревети за Ковид-пациенти.

-На скопските клиники засега има доволно кревети, а максимално е ангажиран и медицинскиот персонал. Поставеноста на системот покажа дека добро функционира и дека дава резултати во поголем број оздравени пациенти и во доволен број слободни кревети, рече Филипче.

Реклама

Според сопственикот на „Филип Втори“, Жан Митрев, сите се на ставот дека треба да помогнат колку што можат.

-Начелно имаме концепт и стоиме зад сето тоа. Министерот и Министертсвото треба да го водат сето тоа, ние сме тука да помогнеме и во опрема и во кадар и во логистика. Засега нема никакви недоразбирања или непто околу што би се расправале, напротив, мислам дека сме сите сме во тој правец – да помогнеме колку што можеме во оваа ситуација, истакна Митрев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Гази Баба и Аеродром одат кон 1.500 заболени од вирусот

Next Post

По тепачка во Ѓорче Петров приведени осум малолетници

Реклама