Dark Mode Light Mode

Заев: Нема да дадам оставка, ние му служиме на народот најдобро

Премиерот Зоран Заев не планира да поднесе оставка по вчерашниот неуспех да започнат преговорите за членството на Македонија во ЕУ поради неуспешните преговори со Бугарија и ветото кое оваа соседна земја вчера го даде.

Нашиот народ стои на европската агенда. Целиот наш народ е зад нас, и ние сите најодговорните од извршната, локалната власт и претседателот Пендаровски, му служиме најдобро, рече Заев во гостувањето на ТВ21.

Во емисијата тој рече дека не знае каде Македонија го прекршува Договорот за добрососедство како што велат бугарските власти. И тоа, според премиерот, е многу чудно, затоа што кога би знаел, би се отворило тоа прашање и би можело да се реши.

Реклама

Не кажува ништо Бугарија и тоа е чудно. Да знаеме каде сме го прекршиле, ајде да го отвориме прашањето. Јас мислам дека нема прекршување на договорот, а Бугарија ако смета дека има, јас не знам каде е, вели Заев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Владата со нова тура в.д. директори иако беше опомената од антикорупционерите

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори

Реклама