Dark Mode Light Mode

Владата со нова тура в.д. директори иако беше опомената од антикорупционерите

Нова тура на именувањата на директори и други функционери си изврши Владата на вчерашната седница. Предупредувањата и барањата на државната Комисија за спречување на корупцијата, како и претходно, да се запре со вакавата пракса останаа залудни.

Владата вчера реши да му препорача на Управниот одбор на ЈП за железничка инфраструктура – „Железници на Република Северна Македонија“ – Скопје да го именува за в.д. директор Хари Локвенец. Препорачано е и на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот, на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје му е препорачано да го именува за в.д. заменик на директорот Брахим Ајвази…

Дали и како ќе реагира Антикорупциската комисија останува да се види. Нејзините членови неодамна укажаа дека треба да се запре ваквата пракса бидејќи назначувањето на в.д директори се користело само затоа некои лица да бидат поставени на функција, Владата, брзо по ова, покажа колку тоа и „значи“ и продолжи со именувањата. Сега, покажува дека до крај ќе ја тера таквата пракса. Тогаш, ако залудни остануваат укажувањата на антикорупционерите која е смислата на постиењето на една ваква важна Комисијата? Да прави залудни анализи или да и се слуша гласот?

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Облаците ќе го кријат сонцето, ќе дува умерен ветер

Next Post

Заев: Нема да дадам оставка, ние му служиме на народот најдобро

Реклама